вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Регион

Тешка сообраќајка во Грделичка клисура: Се судрија автобус и 2 автомобили- повредени 21 лице

Тешка сообраќајка во Грделичка клисура: Се судрија автобус и 2 автомобили- повредени 21 лице

Во судир на автобус и два автомобили во Грделичка клисура во Србија, кај Предејане, повредени се 21 лице, меѓу нив 9 деца.

До несреќата, која се случила нешто пред 16 часот, дошло кога „ауди“ со германски регистерски таблички при претекнување на „шкода“ со српски таблички се судрил со автобусот кој доаѓал од спротивната насока, по што се одбил од автобусот и удрил во „шкодата“, соопшти српската полиција.

Автобусот, во кој имало и деца, по судирот се превртел во ендек.

Сите повредени се згрижени во здравствениот центар во Лесковац.