Петгодишно годишно дете се бори за живот, откако во него удри 15 годишно момче со сноуборд во бугарскиот зимски центар Пампорово.
Детето со хеликоптер било пренесено во болницата во Смолен, а потоа во Пловдив, од каде докторите велат дека нема подобрување, ниту влошување на состојбата.
Детето е од Русија и се учело да скија заедно со неговите родители на зелената патека во Пампорово .
На детето налетало момче со сноуборд и го удрило во главата. Директорот на Пампорово, Марин Белјаков изјави за медиумите дека е во постојан контакт со болницата и со родителите на детето.
Инцидентот се случил во понеделникот на детската патека на ски центарот Пампорово.