среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 127
home Регион

Тензично на Косово: Се апсат Срби кои се припадници на косовската полиција (ВИДЕО)

Тензично на Косово: Се апсат Срби кои се припадници на косовската полиција (ВИДЕО)

Тројца Срби, припадници на косовската полиција, се уапсени во акција на косовските специјални единици Росу, јави Танјуг. Акцијата била извршена во неколку општини на север во Косово.

Други белградски медиуми јавија дека досега се уапсени шест српски припадници на косовската полиција – тројца од Косовска Митровица, двајца во Звечан и еден од Зубин Поток.

Министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата. Наредбата е издадена по упадот на специјалните единици на косовската полиција – Росу на север во Косово.

Единиците Росу упаднаа утрово со оружје на север во Косово.

Директорот на српската владина канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ рече дека косовските специјални единици, со оружје упаднале на север во Косово „со цел да заплашат и предизвикаат паника со апсења што претходните денови ги најави претседателот Александар Вучиќ“. Ѓуриќ додаде во изјават за РТС, дека биле регистрирани и истрели од огнено оружје и дека има информации за апсења.

Коронавирус