четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 113
home Регион

Температурата на Јадранско Море годишно расте за 0,6 степени

Температурата на Јадранско Море годишно расте за 0,6 степени

Просечната температура на водата во Јадранско Море секоја година бележи раст за 0,9 степени Целзиусови, соопшти Институтот за поморска биологија во Котор.

Порастот на темературата влијае на развој на инванзивните растителни и животински видови.

– Тоа пред се влијае врз рибите, раковите и другите морски организми, кои во најголем дел негативно влијаат врз морскиот екосистем, а еден од пресудните фактори е зголемување на температурата на морската вода, се наведува во соопштението од Институтот.

Исто така, се посочува дека отпорните животински видови ги потиснуваат домицилните.

– Тоа предизвикува одредена штета, пред се се намалува риболовот, бидејќи тие видови го заземаат просторот на домашните видови, истакнува Институтот за поморска биологија.