вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

Телото на настраданиот војник во Авганистан, пристигна во Хрватска: Авионот дочекан со воени и државни почести (ВИДЕО)

Телото на настраданиот војник во Авганистан, пристигна во Хрватска: Авионот дочекан со воени и државни почести (ВИДЕО)

На аеродромот Плесо имаше дочек со воени и државни почести, а таму се наоѓаше и семејството на настраданиот војник.

Американскиот транспортен авион Ц-17 слета на аеродромот во Загреб со телото на хрватскиот војник Јосип Бришки.

На дочекот присуствуваа претставници од земјите членки на НАТО, а министерството за одбрана одржа комеморација за загинатиот Јосип.

Јосип Бришки од Загреб, припадник на 10.хрватски контингент на НАТО мисијата во Авганистан, почина во средата околу пладне од тешки повреди здобиени од бомбаш самоубиец кој налета на возило на хрватската војска во Кабул.