среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 2
home Регион

Таткото на злоставуваната и убиена Тијана Јуриќ ја шокираше јавноста: Имаме докази дека политичари и бизнисмени злоставуваат деца

Дел од лицата се познати политичари во Србија, бизнисмени и моден креатор.
Таткото на злоставуваната и убиена Тијана Јуриќ ја шокираше јавноста: Имаме докази дека политичари и бизнисмени злоставуваат деца

Таткото на Тијана Јуриќ која во 2014 година беше грабната, силувана и убиена, Игор ја шокираше српската јавноста објавувајќи дека поседува докази за злоставување на деца од страна на политичари и други моќници во Србија.

-Доказите и фотографиите кои ги поседуваме, а се однесуваат на луѓе познати на јавноста кои злоставуваат деца, не се само кај мене. Ги имаат и двајца мои пријатели, па ако нешто ми се случи тие ќе ги пуштат во јавност, вели Игор Јуриќ основач на фондацијата „Тијана Јуриќ“, а кој неодамна објави дека пет моќници од Белград, Нови Сад и Суботица злоставуваат малолетници.

Според него станува збор за „јавна тајна“ која досега никој немал храброст да ја објави.

-Знаев дека тоа постои, поточно сите знаеме, па и вие новинарите посебно знаете дека е тоа „јавна тајна“. Првпат луѓе кои ни веруваат и ја почитуваат работата на Фондацијата ни доставија одредени докази. Конкретно работиме долго време на ова, тешко е да се дојде до овие луѓе, тешко ќе се докаже се’ што зборувам. Луѓето кои се вклучени во борбата против трговија со луѓе знаат за што зборувам. Пријавите ќе ги поднесеме само кога ќе имаме доволно докази за да ги пратиме таму каде им е местото. Имаме материјал јавно да ги објавиме, но тоа мене не ми е целта. Сакам да ги видам во затвор. Во разговор со нашиот правен тим, се согласивме дека треба да дојдеме до уште неколку клучни работи. Ова свесно го кажувам, за тие луѓе да знаат дека знаеме за нив. Им благодарам на сите што ризикуваат со тоа што ни помагаат, вели Игор.

Дел од лицата се познати политичари во Србија, бизнисмени и моден креатор.

Фондацијата „Тијана Јуриќ“ од своето основање се бори за безбедност децата.