среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Таксист го препознал педофилот што ја киднапира Моника – Тој подолго време го демнел девојчето

Таксист го препознал педофилот што ја киднапира Моника – Тој подолго време го демнел девојчето

Откако српската полиција објави најнова фотографија од т.н. Малчански бербер, псевдоним под кој е познат педофилот Нинослав Јовановиќ, осомничен за киднапирање на 12-годишното девојче Моника Каримановиќ, пристигнале повеќе дојави од луѓе кои тврдат дека го виделе злосторникот.

Како што пишува „Новости“, таксист од Ниш го раскажал во полиција неговото искуство со Јовановиќ. Се повеќе станува јасно дека Нинослав Јовановиќ не случајно ја избрал 12-годишната Моника, туку долго време ја набљудувал и демнел, чекајќи погоден момент да ја киднапира.

– Кога беше објавена најновата фотографија од овој монструм, таксист го препозна. Вели дека пред еден месец го довел тука во нашата населба, а тој не сакал да му плати. Се расправал со него, но кога видел дека нема како да наплати, кренал раце и си заминал – го прераскажала настанот жителка на Суводол во Србија.

Во близина на оваа населба, Јовановиќ ја силувал својата прва жртва во 1996 година, во викендица на неговиот братучед.

Инцидентот со таксистот се случил на 14 декември, а Моника беше киднапирана, шест дена подоцна на 20 декември.

Според српски „Блиц“, кој се повикува на извори блиски до истрагата, во близина на една од куќите каде е утврдено дека изминатите денови престојувал киднаперот на Моника Каримановиќ, откриени се нови траги.

Според овие извештаи, пронајдени се женски црни гаќички и детска маица за кои има сомнение дека педофилот ги купил за девојчето, а му испаднале за време на бегството.

Српската армија и Безбедносно-информативната агенција (БИА) се приклучија во потрагата по девојчето.

Коронавирус