четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 162
home Регион

Тачи: Воените злосторници се уште не излегле пред лицето на правдата

Тачи: Воените злосторници се уште не излегле пред лицето на правдата

Косовскиот претседател Хашим Тачи, сеќавајќи се на 19-та годишнина од масовното убиство и тортури врз затворениците Албанци од страна на српските сили во затворот Дубрава за време на косовската војна, изјави дека авторите на ова злосторство се уште се на слобода, јави дописникот на МИА од Приштина.

Овој настан, познат во Косово како „Дубравски масакр“, Тачи го оквалификува како „една од најголемите трагедии за време на војната од 1999 година“.

– На годишнината од масакрот во затворот во Дубрава се сеќаваме на сите затвореници Албанци кои беа не само систематски персекутирани, туку и крвнички убивани од српските полициски сили. Имајќи информација дека овој затвор ќе биде бомбардиран од северноатлантските сили, српските власти тие денови таму екстрадираа многу затвореници Албанци, за да ги убијат и вината да ја префрлат на силите на НАТО. Дубравскиот масакр е една од најголемите трагедии, чии автори се уште не излегле пред правдата, напиша косовскиот претседател во својот профил во Фејсбук.

Косовските медиуми потсетуваат дека на денешен ден пред 19 години во Дубрава е извршено едно од најголемите злосторства врз Албанците во Косово од страна срепските сили, кога во кругот на затворот биле убиени 160 затвореници Албанци и ранети над 300 други.

(Миа)

Коронавирус