среда, 22. мај 2019. Вести денес: 4
home Регион

Тачи: Со војска ќе одговориме на секаква закана од Србија

Тачи: Со војска ќе одговориме на секаква закана од Србија

Косовскиот претседател Косово Хашим Тачи изјави дека Косово ќе одговори директно на секоја закана што може да дојде од Србија, јави МИА од Приштина.

– Јас сум врховен командант на Безбедносните сили на Косово (ФСК). Косово ќе одговори директно на секоја закана од Србија. Ќе одговориме со војска и со полиција. Како една нација, изјави Тачи во интервју за телевизијата Клан Косова.

Претседателот на Косово побара од Белград да престане со воинствената реторика и порача дека поделба на земјата нема да има.

– Ќе бидеме бескомпромисни во одбраната на нашиот интегритет и независноста. Поделбата на Косово е стара српска идеја. Тоа нема да се случи, јасно ви кажувам, порача Тачи.