вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Тачи: Наскоро нов мандат за Безбедносните сили на Косово

Тачи: Наскоро нов мандат за Безбедносните сили на Косово

Косовските безбедносни сили (БСК) наскоро ќе добијат нов мандат, тврди косовскиот претседател Хашим Тачи.

Говорејќи на приемот по повод Денот на обединувањето на Германија, Тачи вчера нагласи дека БСК „дотука дошле“ благодарение на партнерството со НАТО и истакна дека „така ќе биде секогаш“, пренесува приштинскиот весник „Зери“.

Кога станува збор за дијалогот со Белград, Тачи рече дека Приштина сака да постигне договор за границите, кој би довел до меѓусебно признавање и потполна нормализација на односите, наведува весникот.

-Не очекуваме ништо помалку од формално признавање од Белград, рече Тачи.

(Миа)

Коронавирус