понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 0
home Регион

Тачи ја повика ЕУ да и даде појасна перспектива на Приштина

Тачи ја повика ЕУ да и даде појасна перспектива на Приштина

Претседателот на Косово Хашим Тачи ја повика Европската унија да и даде појасна перспектива на Приштина и да ја третира рамноправно со останатите на патот кон членство во ЕУ.

Тачи рече дека Косово останува посветено на евроинтеграцијата и со „соодветната волја ќе ги зајакне своите чекори кон интеграцијата во ЕУ“.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го повика Косово да продолжи со реформите и преговорите со Србија, „вклучително и за постигнување на правно обврзувачки договор“.

Тачи го повика Брисел да го укине визниот режим за косовските граѓани, откако минатиот месец Парламентот во Приштина го одобри договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше предуслов на Брисел за безвизно патување на Косоварите во Шенген. Косово е единствената земја од Југоисточна Европа, на чии граѓани се уште им требаат визи за патување во Шенген зоната.

МИА

Коронавирус