сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Регион

СЗО: Европа е на прво место во светот според потрошувачка на алкохол

СЗО: Европа е на прво место во светот според потрошувачка на алкохол

Европа е на прво место во светот во потрошувачката на алкохол што е една од главните причини за здравствени проблеми и предвремена смрт, а тој товар главно го носат луѓе на работоспособна возраст, изјавија експерти во извештајот „Формирање на цените на алкохолните пијалаци во европскиот регион на Светската здравствена организација“.

Во истражувањето за превенција и контрола на незаразни болести и борбата против нив, се анализира влијанието на ценовната политика врз обемот на потрошувачка на алкохол во земјите од европскиот регион на СЗО.

– Алкохолот е една од главните причини за здравствените проблеми, инвалидитетот и предвремената смрт, се вели во студијата, нагласувајќи дека европскиот регион е лидер во потрошувачката на алкохол.

Алкохолот е причина за смрт за секое четврто лице на возраст меѓу 25 и 29 години и е главен фактор на ризик за лица на возраст меѓу 15 и 49 години.

Според авторите, овој здравствен проблем треба итно да се реши.

Тој го попречува економскиот развој и создава дополнителен финансиски товар врз општеството. Влијанието врз здравствениот систем и врз кривичното правосудство честопати ги надминува придобивките од даноците на алкохол, се вели во студијата.

Очекувањата не се многу оптимистични: не се очекува промена во генералните показатели поврзани со употреба на алкохол во Европа најмалку во наредните 10 години.

Сепак, државите сè уште имаат на располагање неколку ефективни регулаторни механизми во оваа област, се вели во извештајот. (МИА)

Парламентарни избори 2020