петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 22
home Регион

Сведоштво на полицајци и граѓани кои први пружиле помош: „Додека пламенот се ширеше, ние вадевме повредени“

Сведоштво на полицајци и граѓани кои први пружиле помош: „Додека пламенот се ширеше, ние вадевме повредени“
илустрација

29-годишниот Марко Милинчиќ и 36-годишниот Владимир Савиќ се полицајци кои биле во автобусот и први ги спасувале повредените. Покрај нив, 36-годишниот Саша Вучковиќ исто така полицаец и 40-годишниот Иван Вековиќ несебично се давале себеси за да им помогнат на повредените.

-Во еден момент дојде до судир меѓу автобусот и камионот. Од силината на ударот неколку патници паднаа од седиште. Со колегата Савиќ го искршивме стаклото за да можеме да излеземе од автобусот. Земав противпожарен апарат од едно комбе и почнав да го гасам пожарот кој изби во камионот – рекол Милинчиќ.

Неговиот колега Савиќ за Курир.рс додал дека во еден момент слушнал силен удар и станал од седиштето.

-Откако го искршивме стаклото, почнавме да им приоѓаме на патниците. Ги извадив од автобусот за да ги сместам на безбедно. Во тој момент оганот се прошири и на автобусот. Пожарникари го гаснеа, а ние повредените патници ги сместивме во возило на Итна помош – додал Савиќ.

Во спасувањето учествувал и Вучковиќ, кој со автомобил заедно со Нинослав Симоновиќ бил зад автобусот. Тој исто така помагал при извелкување на повредени.

Овој автобус го користат и вработени и деца. За среќа немало деца поради велигденскиот распуст.

Коронавирус