сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Регион

Сведоштва на мештаните за урнатиот авион: Звуците беа ужасни, избегнуваа да паднат врз куќите

Сведоштва на мештаните за урнатиот авион: Звуците беа ужасни, избегнуваа да паднат врз куќите

По падот на воениот авион кај Мал Зворник, српските медиуми објавуваат први изјави од локалните жители и нивни сведоштва за тоа што се случувало.

Според првичните и се уште неофицијални информации, еден пилот го загубил животот, додека по вториот се трага.

-Видов чад, се исплашив. Авионот како да викаше додека паѓаше. Изгледаше како да бараат чистина каде да слетаат ги избегнуваа куќите. Звукот беше ужасен, изјавил повозрасна жителка на Брасин.

-Мислам дека падна околу 9:20 утринава, видов од тераса дека паѓаше како во шума. Ова е страшно, уште не можам да си дојдам на себе. Слушнав дека бараат пилот, изјавил друга жителка.

Коронавирус