четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Сурфер пронајден жив кај Трст по 24 часа поминати во морето

Сурфер пронајден жив кај Трст по 24 часа поминати во морето

Во водите на Јадран, кај Трст, Италија, попладнево е најден четириесет и седум годишниот словенечки сурфер кој исчезна вчера околу 17 часот, недалеку од Умаг. Пронајден е жив, а во морето поминал повеќе од 24 часа.

Полицијата во Риека добила информација од италијанските колеги во 18:20 часот дека сурферот е пронајден жив и здрав и дека се наоѓа во една болница во Трст каде што е примен поради дополнителни прегледи пренесува Индекс.хр.

ХРТ во својот Дневник пренесе дека сурферот и се јавил на сопругата која се упатила кон Трст.

И покрај предупредувањата за невремето, вчера попладне двајца сурфери сурфале на морето недалеку од Умаг, Хрватска, и исчезнале.

Едниот од нив успешно доплива до брегот уште вчера. А потрагата по другиот продолжи и изутринава бидејќи временските услови не го дозволуваа тоа вчера. Вчера се спаси хравтскиот државјанин, а попладнево беше најден Словенецот.

Коронавирус