четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 180
home Регион

Судот во Хаг му го продолжи притворот на Тачи

Судот во Хаг му го продолжи притворот на Тачи

Специјалниот суд во Хаг му го продолжи притворот на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, соопштија од тој суд.

Ангела Грип, шефицата за односи со јавноста на Специјализираните комори на Косово, соопшти дека во случајот „Тачи и другите“, на 25 јануари била доставена јавна верзија на одлуката на судијата за претходната постапка, која наредила дополнителeн притвор за Тачи.

На 4 февруари ќе се одржи статусна конференција за напредокот на постапките против Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, јавија приштинските Репортери.

Коронавирус