четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 174
home Регион

СТУДОТ ЈА ЗЕМА И ВТОРАТА ЖРТВА: Двајца починаа, едно лице во критична состојба

СТУДОТ ЈА ЗЕМА И ВТОРАТА ЖРТВА: Двајца починаа, едно лице во критична состојба

Екстремно ниските температури ја однесоа првата жртва во Словенија. Возрасен маж починал во својот двор во Марибор, а едно лице се наоѓа во критична состојба.

Според неофицијални информации што ги пренесуваат локалните медиуми, починатиот маж живеел сам, а бил пронајден со тенка облека на него. Тој починал во својот двор од студ. Се претпоставува дека мажот заминал по дрва, се лизнал и паднал.

Изутринава едно лице во тешка состојба на хипотермија е пренесено во болницата во Марибор, каде што лекарите се борат за неговиот живот.

Во Словенија денеска се регистрирани најниски утрински температури оваа зима.

Во Сплит денеска е измерена најниската температури во овој период од годината во последните 70 години, а во Загреб – во последниве 120 години.

Во Хрватска денеска најниска температура од минус 17 степени е измерена на Биоково и на Сљеме, а во Гослиќ од минус 15 степени. Во Загреб утрово беше минус осум степени, а во Сплит минус четири.

Хрватските метереолози најавуваат дека врвот на студениот бран се очекува денеска и утре, за кога се предвидени уште пониски температури. Сепак, според метеоролозите, веќе до крајот на неделата ќе претстои затоплување на времето, поради што се очекува нагло топење на снегот што би можело да предизвика нови проблеми.

Веќе за следната недела се предвидува значително зголемување на температурите во Хрватска, кои во понеделник и вторник ќе достигнат и до десет степени Целзиусови.

Исто така, Арктичкиот студен бран што веќе неколку дена владее на Балканот, ја однесе и првата жртва во Србија.

Станува збор за 75-годишен маж од општината Дољевац, чие семејство го пријави како исчезнат во понеделникот. Старецот, кој страдал од сенилна деменција, е пронајден мртов на локален пат во атарот на неговоот село, а според првите наоди, починал од измрзнување.

Хидрометеоролошкиот институт на Србија за денеска прогласи жолт метеоаларм за поголем дел од земјата, најавувајќи дека утре ќе биде објавен црвен метеоаларм, што значи дека се предвидѕваат „особено опасни временски појави, што можат да предизвикаат голема материјална штета и да бидат многу опасни за безбедноста на луѓето и животните”.

Според сегашните податоци, жолтиот метеоаларм денеска е во сила во Бачка, Банат, Срем, Белград и делови од Источна, Југоисточна и Југозападна Србија.

Утре, како и во петок и сабота, во поголемиот дел од Србија во сила ќе биде црвен метеоаларм, бидејќи, според предвидувањата на метеоролозите, ќе биде екстремно студено.

Коронавирус