среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 19
home Регион

Студенти го пречекаа Вучиќ со транспарент, оваа порака нема да му се допадне (ФОТО)

Студенти го пречекаа Вучиќ со транспарент, оваа порака нема да му се допадне (ФОТО)

Група српски студенти и докторанти, кои студираат во Париз, го пречекаа Претседателот на Србија, Александар Вушиќ, пред резиденцијата на српскиот амбасадор со транспаренти на кои пишуваше „Ти си ковидот на Србија“.

Вучиќ е во Париз, каде вечерва се сретна на работна вечера со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

„Претседателот Вучиќ пристигна во Елисејската палата, каде беше пречекан од претседателот на Франција, Емануел Макрон, заедно со Републичката гарда“, објавено е на сметката на Инстаграм „buducnostsrbijeav“.

Макрон и Вучиќ разговараат пред утрешниот видео самит меѓу Србија и Косово и продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ во недела.

Коронавирус