вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 48
home Регион

Студент прегазил 19- годишник на пешачки, па го оставил во локва крв и побегнал- по два дена момчето починало

Студент прегазил 19- годишник на пешачки, па го оставил во локва крв и побегнал- по два дена момчето починало

19- годишниот Ивам М. од Земун, е осомничен дека на 4 март прегазил пешак и побегнал.

Имено тој на пешачки премин го прегазил 19- годишниот Ернад Бакана кој по два дена во болница починал, а осомничениот управувал со нерегистрирано возило.

Во записникот се наведува дека Бакан е удрен на обележан пешачки премин среде бел ден, а наведено е дека и асфалтот бил сув и рамен.

По несреќата е земена изјава од очевидци и полицијата дошла до Иван на кој му е направен алхотест, при што не покажало присуство на алкохол.

„Видов на асфлтот како лежи младо момче во локва крв. Не знам дали тој се брзаше или автомобилите возеа пребрзо, една патика од силниот удар летнала 10 метри од него. Еден автомобил успеа да го одбегне, но затоа другиот удри во него“ рекол очевидец.

Коронавирус