вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 66
home Регион

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ИСТАНБУЛ, ИМА И МРТВИ: Ветерот преврте камиони, ќерамида падна врз жена и дете (ФОТО+ВИДЕО)

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ИСТАНБУЛ, ИМА И МРТВИ: Ветерот преврте камиони, ќерамида падна врз жена и дете (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку четири лица загинаа, а девет се повредени во силното невреме што денеска го зафати Истанбул и некои други градови во Турција.

Невремето предизвика хаос во најголемиот турски град со 15 милиони жители, пренесе АП.

Една жена загина во истанбулската населба Есенјурт, каде силните налети на ветерот ги однеле ќерамидите од покривите, кои паднале врз неа и нејзиното дете.

Дејли Сабах објави дека градежен работник починал кога врз него паднал ѕид, срушен од налетот на ветерот во провинцијата Зонгулдак.

Таа загинала, а детето е повредено.

Tanjug/AP
Tanjug/AP
Tanjug/AP
Tanjug/AP

Ветерот урна дрвја, саат-кула и преврте најмалку три камиони во градот, јави локалната телевизија НТВ.

Босфорот беше затворен за пловен сообраќај, а траектите беа откажани.

Најмалку шест авиони на Туркиш ерлајнс се пренасочени кон Анкара и Измир, наместо да слетаат во Истанбул, изјави портпаролот на авиокомпанијата.

Откажани се и фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датча.

Коронавирус