понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Регион

Страшна сообраќајка во Србија, три лица загинаа меѓу кои и едно дете

Страшна сообраќајка во Србија, три лица загинаа меѓу кои и едно дете

Двајца возрасни и едно момче го загубија животот во стравична сообраќајна несреќа која се случи утринава на автопатот од Ниш према Бeлград, пренесуваат српските медиуми. Уште едно момче е тешко повредено, но ја преживеало несреќата и е сместено во болницата во Смедерево.

На лице место загина едно лице, додека дргугите две им подлегнале на повредите на пат кон болница.

Сведоци од местото на настанот велат дека по силниот судар, автомобилите се запалиле.

Загинатото семејство се возело во автомобил со крагуевски регистарски таблички, додека другото возило било со турски таблички.