сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Регион

Страшна ноќ во Србија: Гореше фабрика за муниција, серија силни експлозии ги вознемирија граѓаните (ВИДЕО)

Страшна ноќ во Србија: Гореше фабрика за муниција, серија силни експлозии ги вознемирија граѓаните (ВИДЕО)

Серија силни експлозии во компанијата „Слобода“, која произведува муниција го потресе ноќеска околу 1.30 часот српскиот град Чачак. Од силните детонации градот се „тресел’“ скоро два часа.

За среќа нема човечки жртви. Според очевидци и локалното население кое живее недалеку од фабриката, пожарот започнал да се шири со молскавична брзина, па екипите на пожар и спасување не можеле веднаш да стигнат до местото на несреќата.

Градоначалникот на Чачак, Милан Тодоровиќ, за РТС изјави дека нема жртви и повредени. Тој вели дека околу 60 работници работеле во третата смена и дека сите биле веднаш евакуирани, а околу 2:30 часот биле евакуирани четворица работници кои од експлозиите се засолниле во подрум од фабриката.

Коронавирус