среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 8
home Регион

Страшна исповед на доктор: „Жена беше заглавена под автобусот, кога почнав да ја извлекувам се заледив“

Страшна исповед на доктор: „Жена беше заглавена под автобусот, кога почнав да ја извлекувам се заледив“

Докторите кои ги спасуваа повредените во страшната несреќакоја вчера утрината се случи кај Ниш, а во која животот го загубија пет лица, велат дека на терен глетката била страшна.

Сведочејќи за вчерашната несреќа, лекар од Итната медицинска помош, вели дека најтешко му било кога извлекувал жена која била заглавена под автобусот.

-Несреќната жена беше заробена. Кога почнав да ја извлекувам, сфатив дека извлекувам само половина од нејзиното тело, а другата половина остана заробена под автобусот, вели докторот од чија изјава се заледува крвта во жилите.

Несреќата се случи вчера околу 7:30 часот кога патнички воз удри во полн автобус и го преполови. На лице место животот го загубија три лица, додека две им подлегнаа на повредите во болница. Меѓу починатите се и две малолетни лица. Во несреќата повредени се 27 лица.