петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Регион

Страшна глетка на автопатот во Ниш: По судирот на автобус и камион изгореа четворица патници (ФОТО)

Страшна глетка на автопатот во Ниш: По судирот на автобус и камион изгореа четворица патници (ФОТО)
ФОТО: Телеграф.рс

На магистралниот пат Ниш – Приштина кај селото Барлово, кај Куршумлија утринава околу 7 часот дошло до сообраќајна несреќа во која загинале четворица патници, а има повеќе повредени.

Како што соопштија од српското МВР, во сообраќајката учествувале камион и автобус на „Ниш – експрес“ кој при несреќата се запалил.

Неофицијалните информации се дека меѓу загинатите се возачите на автобусот и на камионот.

Сообраќајот е во прекин, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Коронавирус