Црногорската полиција ја уапсила Сафија Муриќ од Рожаја поради сомнеж дека подметнала пожар во кој загинал нејзиниот поранешен сопруг и неговата невенчана сопруга.
Полицијата соопштила дека утринава таа со бензин ја полила просторијата во која спиеле двајцата и потоа предизвикала пожар и побегнала, но полицијата брзо ја уапсила.
Командирот на полицијата рекол дека пожарот избувнал утринава околу шест часоти ја зафатил дневната соба, па кога пожарникарите дошле и почнале да гасат ги затекнале телата а настраданите.