четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 240
home Регион

Стоп за македонските туристи во Хрватска и во Црна Гора

Стоп за македонските туристи во Хрватска и во Црна Гора

Македонија не е меѓу десетте земји за чии туристи ќе бидат отворени хрватските граници ова лето. Премиерот Андреј Пленковиќ, со спортски речник, денеска објави листа со држави чии граѓани ќе може да летуваат на хрватските плажи на која, сепак, не е нашата.

„Епидемијата успеавме да ја победиме во првото полувреме. Креиравме план за измена на одлуката за привремена забрана за минување на граничните премини за туризам за државјани од неколку земји. Со него ќе бидат опфатени Словенија, Австрија, Унгарија, Германија, Полска, Чешка, Словачка, Литванија, Летонија и Естонија“, истакна Пленковиќ.

Пред Хрватска, листа на земји за чии државјани ќе бидат отворени границите од 1 јуни објави и Црна Гора. Но, ниту во неа не е Македонија, како и Србија, поради бројот на случаи со ковид-19. Па така, туристи од регионот кои ќе може да летуваат на црногорското приморје ова лето засега се Хрватите, Словенците, Албанците и Грците.

Парламентарни избори 2020