четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 76
home Регион

Столтенберг уверен дека Црна Гора е лојална на НАТО

Столтенберг уверен дека Црна Гора е лојална на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, синоќа по првиот состанок со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ во Брисел изјави дека е убеден дека Црна Гора ќе остане лојален и посветен сојузник на НАТО. Според него, тоа е јасна порака од премиерот.

Двајцата лидери разговараа и за солидарноста на Алијансата во борбата против пандемијата на Ковид-19 и актуелните безбедносни предизвици, објавија синоќа „Вијести“.

„Пандемијата Ковид-19 продолжува да биде предизвик за сите нас. Но, Црна Гора не стои сама. Центарот на НАТО ја координираше помошта за Црна Гора, а сојузниците доставија основни здравствени материјали. Минатиот месец, Црна Гора доби помош од новите медицински материјали на НАТО меѓу кои и 20 респиратори. Дополнителни залихи во вредност од 500.000 евра се на пат кон Црна Гора. Тоа е солидарност на НАТО на работа”, нагласил Столтенберг.

Кривокапиќ му се заблагодари на НАТО за солидарноста во борбата против пандемијата.

Коронавирус