недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Ставен под контрола шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики

Ставен под контрола шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики

Противпожарната служба на Грција го стави под контрола шумскиот пожар што изби во централниот дел на Ситониа, на вториот крак на Халкидики, jави дописничката на МИА од Атина.

Во справувањето со огнените јазици учествуваа 23 пожарникари со 11 возила и два авиони.

Градоначалникот на Ситонија, Кипарисис Деплас, говорејќи за порталот на весникот „Етнос“, вели дека во исто време на мала оддалеченост избиле два пожари и изразува сомнеж дека пожарот е подметнат.