понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Регион

Стабилен бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција

Стабилен бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција

Во изминатите 24 часа, стабилна е ситуацијата со Ковид-19 во Грција, со десет нови случаи и непроменет број на жртви и пациенти приклучени на апарати, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти шефот на експертската комисија при Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, бројот на лица заразени со новиот коронавирус во земјата се зголеми на 2.642, а бројот на починати остана ист како и вчера – 146 лица .

Приклучени на апарати и понатаму се 35 лица.

Досега во Грција анализирани се 83.750 примероци, 2.799 повеќе од вчера.

ЕУРО 2020

Македонија