понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 52
home Регион

Српското МВР на нозе, стадионите на Партизан и Црвена ѕвезда под полициска опсада

Српското МВР на нозе, стадионите на Партизан и Црвена ѕвезда под полициска опсада

Во текот на ноќта се уапсени 17 луѓе кои се осмоничени за повеќе тешки кривични дела, акцијата се уште трае, полициски возила и вооружени полицајци ги окупираат стадионите на Партизан и Црвена звезда, бројот на безбедносните сили постојано се зголемува.

Полиција, инспектори и припадници на БИА (безбедносно информативна агенција) се вршат претрес во просториите на Партизан и апсат, а паралелно има полиција и на стадионот на Црвена звезда.

Српските медиуми јавуваат дека околу стадионите се паркирани многу полициски автомобили и постојано пристигнуваат нови.

Се апсат лица кои се сомничат за убиства, рекет, киднапирање и продавање дрога. Се работи за личности од српското подземје кои се поврзани со навивачките групи и клубовите.

„Позади нас се повеќе месеци напорна и тешка работа, зад нас е непреспиена и долга ноќ, но многу успешна. Ноќеска се уапсени 17 припадници на криминална група која ја предводел Вељко Беливук, познат како Веља Невоља и Марко Миљковиќ. Тие се осомничени за најтешки кривични дела како што се убиства, рекет, киднапирање, продавање дрога и за тоа ќе одговараат. Србија е сериозна држава и никогаш нема да дозволи во неа да се создаде нов Земунски клан. Никогаш повеќе нема да дозволиме да постојат криминални групи кои мислат дека се посилни од државата и за убиства, киднапирање и продавање дрога да поминуваат неказнето“, вели министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин.

ЕУРО 2020

Македонија