Воени возила, со опрема и војска, излегоа од касарната во Краљево и се упатија кон Рашка, објави Танјуг.
Од касарната на Армијата на Србија во Краљево, нешто пред 14 часот, почна да излегува колона од воени возила, полни со луѓе и опрема.
Непосредно пред да тргне колоната, во касарната пристигнал српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, извести Танјуг.
Колоната најверојатно се движи кон Рашка.
Танјуг објави и дека еден миг 29 ниско го надлетувал Нови Пазар, во правец на Копнената зона на безбедност.
Српскиот претседател Александар Вучиќ како врховен командант нареди целосна борбена и боева готовност на српската војска утрово, откако специјалните единици на косовската полиција упаднаа на северот на Косово и апсеа Срби.