понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 84
home Регион

Српски министер позитивен на коронавирус

Српски министер позитивен на коронавирус

Српскиот министер за државна администрација и локална самоуправа Бранко Ружиќ потврди дека е позитивен на коронавирусот и поради тоа е во самоизолација.

Тој за Танјуг изјавил дека е дома и се чувствува добро.

– За сега сум добро. Нема температура, нема кашлица, моите бели дробови за сега се добри, како и мојата крвна слика, рече Ружиќ и додаде дека зема терапија и оти ќе биде во самоизолација наредните 14 дена. (МИА)

Коронавирус