четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Регион

Српски министер под истрага за корупција

Српски министер под истрага за корупција

Српската Агенција за борба против корупцијата започна истрага против поранешениот ватерполист и актуелен министер за спорт и млади на Србија, Вања Удовичиќ, под сомнеж за финансиски малверзации околу организацијата на Европските универзитетски игри во 2020 година, чиј домаќин ќе биде Белград.

Како што тврди „Блиц“, истрагата почнала поради префрлањето на 143 милиони српски динари (1,2 милиони евра) на сметката на незаконски формираното претпријатие „Европски универзитетск игри 2020“.

Според весникот, Удовичиќ и неговите најблиски соработници направиле низа пропусти и неправилности при трансферот на средствата на даночните обврзници на Србија и ги довеле во заблуда членовите на српската Влада, која сметала дека фирмата е законски формирана.

Истрагата започнала врз основа на пријава на вработен во Министерството за спорт и млади, кој ги открил неправилностите при формирањето на фирмата „Европски универзитетск игри 2020“, поради што добил отказ.

„Блиц“ наведува дека во досегашниот тек на истрагата било утврдено оти за изработка на планот на Игрите, Министерството платило дури 573.000 евра, иако реалните трошоци се проценуваат на околу 30.000 евра.

Локални избори 2021