недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 81
home Регион

Српската Влада ќе додели сеопфатен пакет помош за Србите на Косово

Српската Влада ќе додели сеопфатен пакет помош за Србите на Косово

На денешната седница на српската Влада со претставници на Србите од Косово, на која ќе присуствува српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе биде доделен сеопфатен економски пакет помош за српските заедници, објавија белградските медиуми.

„Политика” објави дека ова е инвестиција од повеќе од 70 милиони евра, што ќе се потроши за реновирање на Клиничкиот центар, патишта, болници, училишта и други институции во Косово.

Од националниот Буџет ќе бидат потрошени 10 милиони евра за реновирање на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица, додека во Лепосавиќ ќе бидат доделени 13 милиони евра за изградба на фабрика за пелети и уште 1,2 милиони евра за Меѓународната земјоделска школа, која ќе биде изградена во Лешак. Најголем дел од парите, вкупно 25 милиони евра, ќе бидат потрошени за изградба на населбата Сончева долина во близина на Звечан. (МИА)

Коронавирус