четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 114
home Регион

Српската Влада донесе одлука за релаксирање на полицискиот час за првомајските празници

Српската Влада донесе одлука за релаксирање на полицискиот час за првомајските празници

Српската Влада на денешната седница донесе измени на одлуката во врска со мерките за заштита на населението од вирусот Ковид-19 за време на првомајските празници, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Владата, забраната за движење ќе започне денеска во 18 часот и ќе трае до сабота, 2 мај, до 5 часот. На граѓаните на возраст над 65 години ќе им биде дозволено во петок да одат на прошетка двапати, во секое време од денот, не повеќе од шестотини метри од нивното место на живеење.

Во сабота и недела, забраната за движење започнува во 18 часот и трае до 5 часот следниот ден. Тогаш најстарите граѓани ќе можат да одат на прошетка само еднаш според истите правила, за време на периодот на забрана на движење од 18 часот до 5 часот наутро.

Од Владата потенцираат дека за време на викендот, за да се минимизираат социјалните контакти, сè уште ќе биде во сила забраната за собирање на повеќе од две лица на отворено и оваа мерка ќе биде строго контролирана од надлежните органи.

ЕУРО 2020

Македонија