вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 151
home Регион

Српска листа: Целта на идејата за „обединување на Митровица“ е протерување на Србите

Српска листа: Целта на идејата за „обединување на Митровица“ е протерување на Србите

Целта на идејата за обединување на општините Јужна и Северна Миторовица во единствена единица на локалната самоуправа, е протерување на Србите од северниот дел на Косово, изјави денеска лидерот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Горан Ракиќ.

Изјвата на Ракиќ претставува реакција на денешната одлука на Советот на Општина Јужна Митровица, кој едногласно усвои Декларација со која ја поддржа иницијативата на градоначалникот Агим Бахтири за обединување на северниот – претежно населен со Срби со јужниот дел на градот, каде мнозинството од жителите се Албанци.

-Јасна ни е политичката цел на оваа Декларација и таа не е нова, туку стара идеја, чија цел е да не протераат од нашите вековни огништа.  Тоа веќе го сторија во Јужна Митровица, каде денес живее само еден Србин – свештеник, изјави Ракиќ, додавајќи дека Декларацијата нема никакво правно значење.

Тој нагалси дека косовските Срби испраќаат јасна порака дека можеби ќе бидат гладни и жедни, но ќе останат решителни во борбата да опстојат и да останат на своите вековни огништа.

Како што претходно јави МИА, усвоената Декларација од страна на Советот на Општина Јужна Митровица во следните денови ќе биде испратена до косовската Влада, која би требало да се произнесе по иницијативата за обединување на двата дела на градот.

Со Декларацијата се бара укинување на одлуката за поделба на Митровица на две општини и создавање единствена единица на локалната самоуправа.

Коронавирус