вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Средба на балканските министри за одбрана во Австрија

Средба на балканските министри за одбрана во Австрија
epa06983476 Austrian Defense Minister Mario Kunasek speaks at a press conference at the informal meeting of European Union defense ministers at the Austria Center Vienna (ACV) in Vienna, Austria, 30 August 2018. Austria hosts a two-day informal meeting of EU defence ministers in Vienna on 30 and 31 August. Austria took over its third Presidency of the European Council from July 2018 until December 2018. EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Министрите за одбрана на балканските земји утре ќе учествуваат на самит во Грац, каде домаќин ќе биде австрискиот министер Марио Кунасек.

На средбата, според најавите, ќе учествуваат министрите за одбрана на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Целта на средбата е Кунасек да ги информира балканските колеги за заклучоците од неодамнешниот состанок на министрите за одбрана на Европската унија во Виена, како и зајакнување на одбранбените капацитети на Балканот.

– Земјите од Југоисточна Европа се нашите директни соседи и затоа важно е да се ангажираме за стабилноста и безбедноста таму, изјави Кунасек. (МИА)

Коронавирус