сабота, 28. март 2020. Вести денес: 109
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Средба Ердоган – Мицотакис во Лондон

Средба Ердоган – Мицотакис во Лондон

По барање на турската страна, на маргините на НАТО Самитот во Лондон, попладнево ќе се сретнат претседателот н Турција, Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис.

Грчкиот премиер, говорејќи со неговите соработници, според извори од неговиот кабинет, рекол дека на средбата со Ердоган ќе разговараат со отворени карти, ќе му ги постави сите теми поврзани со „турската провокација“, но и дека е во интерес на Турција да се повлече од провокативните постапки, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што рече и портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас на вчерашниот брифинг со новинарите, „ставот на Турција води до нејзина дипломатска изолација“.

-Во однос на суштината на прашањето, нашите ставови се јасни: обидот на Турција да ги поништи морските зони на островите – како што се Крит, Родос, Карпатос, Кастелоризо – со трикови како што невалидни билатерални меморандуми, на меѓународно ниво не носи законски резултати. Не може да задира во суверените права на нашите острови, утврдени со Меѓународното право и особено со законот за морето, рече Пецас.

Мицотакис и во обраќањето на НАТО Самитот се очекува да се осврне и на турските провокации и ќе побара од алијансата да заземе позиција, пренесувајќи го ставот дека „не може алијансата да биде рамнодушна кога еден нејзин член отворено го крши меѓународното право и со тоа се врти против друга членка“.

Грчката новинска агенција АНА-МПА вчера, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана на Грција објави дека со „одлука на владата, Грција привремено го замрзнува дијалогот за мерките за градење доверба со Турција“, а неколку часа подоцна, пренесе информации од премиерската палата, дека „грчката влада не постави прашање за замрзнување на мерките со Турција“.

Откако беше објавено за потпишаниот договор меѓу Турција и Либија, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас минатиот четврток, во грчкото МНР го повика турскиот амбасадор и побара објаснувања од него. Ден подоцна беше повикан и амбасадорот на Либија од кој било побарано да ја соопшти содржината на меморандумот, а во спротивно ќе биде донесена одлука за негово протерување од Грција