четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 196
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба

home Регион

Србија со златните резерви го избегна ефектот на „црн лебед“

Србија со златните резерви го избегна ефектот на „црн лебед“

Србија благодарение на набавката на злато во последните години, успеа да обезбеди 31,26 тони од овој скапоцен метал и со тоа да го осигура домашниот пазар од прекумерното штетно влијание на пандемијата на новиот коронавирус врз економијата и т.н. ефект на „црн лебед“, изјави Зоран Грубишиќ, професор на Белградската академија за банкарство.

Според него, златото отсекогаш се покажало дека е добар чувар на вредностите во „турбулентни“ времиња, особено кога трае економската криза и кога е непредвидливо колку длабоки ќе бидат последиците врз една земја. Во моментов Србија има 31,26 тони злато, што е зголемување за 50 отсто во однос на истиот период минатата година, додека вкупната вредност на златото во девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) моментно изнесува 1,58 милијарди евра, изјавија за Танјуг во НБС.

Во текот на оваа година, просечната цена на златото изнесуваше околу 1.627 долари за унца, и се движеше во распон од околу 1.450 американски долари (кон средината на март) до 1.765 долари за унца (кон средината на мај), што укажува дека цената на златото се зголемила за над 20 проценти за само два месеца. На почетокот на октомври 2019 година, НБС на меѓународниот пазар купи девет тони злато со највисок квалитет, додека од 2005 година не продаваше злато. Просечната цена во октомври минатата година, по која Србија купуваше злато во странство, изнесуваше 1.503,16 долари за фина унца.

Според најновите податоци, златото учествува со околу 11 отсто во вкупните девизни резерви на Србија.

Во изминатите неколку дена, цената на златото изнесуваше околу 1.712 долари за унца, па пресметката покажува дека растот на цената на „жолтиот метал“ од околу 14 проценти, придонесе за раст на вредноста на девизните резерви на Србија. (МИА)

Парламентарни избори 2020