понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 154
home Регион

Србија со црн рекорд – 1.053 лица заразени со коронавирус

Србија со црн рекорд – 1.053 лица заразени со коронавирус

Според официјалните податоци, во Србија во последните 24 часа се регистрирани 1.053 нови случаи на заразени со коронавирусот. Од Ковид-19 починале пет лица, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 798, објави Министерството за здравство на веб-страницата covid19. rs.

На респиратори се наоѓаат 38 лица. Тестирани се 9.430 лица

Вчера беа заразени 341 лице, а едно лице почина, што е за трипати помалку од денес.

Во Белград во изминатите 24 часа имало 2.553 прегледи во ковид амбулантите, со што бројот на прегледи на граѓаните со симптоми на епидемијата драстично се зголемува. Од вкупниот број прегледи, околу 60 проценти биле на прв преглед – 1.556, соопштија од министерството за здравство.

-Епидемиолошката состојба во Србија е неповолна и се влошува, изјави епидемиологот и член на Кризниот штаб за борба против ковид 19 Предраг Кон, додавајќи дека се размислува за заострување на мерките.

-Оваа и следната недела се очекува бројот на заразени да се зголемат. После тоа, се надеваме дека ќе можеме да ја израмниме кривата. Ќе се зголеми и бројот на оние кои се на болничко лекување. Тоа важи за цела Србија, а најтешка е состојбата во Белград, изјави Кон. (МИА)

Коронавирус