четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 9
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Регион

Србија се усогласи со санкциите на ЕУ кон Белорусија во врска со инвазијата на Украина

Србија се усогласи со санкциите на ЕУ кон Белорусија во врска со инвазијата на Украина

Србија се усогласи со санкциите воведени од Европската унија кон Белорусија во април годинава поради „ситуацијата во Белорусија и вмешаноста на Белорусија во руската инвазија на Украина“, пишува порталот European Western Balkans (ЕВБ).

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во прашање е Одлуката 2022/579 на Советот на ЕУ, која беше усвоена на 8 април, а две недели подоцна, на 22 април, на веб-страницата на Советот беше објавено дека Србија, Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина се усогласиле со оваа одлука.

Ова е вторпат Србија да се усогласува со санкциите на ЕУ поврзани со војната во Украина, по одлуката од март за продолжување на важењето на рестриктивните мерки на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и водечките членови на украинското раководство од 2010-2014 година.

Со одлуката на Советот на ЕУ на 8 април се воведуваат секторски санкции за белорускиот финансиски и транспортен систем како реакција на вмешаноста на Белорусија во руската агресија врз Украина, се наведува во образложението.

Според истражувањето на Центарот за меѓународни и безбедносни прашања (ИСАК), Србија доследно се ускладувала со рестриктивните мерки на ЕУ кон Белорусија се до април 2019 година, кога не се усклади со декларацијата, односно Одлуката 325 на Советот на ЕУ, која само ги продолжи санкциите.

Коронавирус