вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 72
home Регион

СРБИЈА РУШИ РЕКОРДИ: Над 13.000 заболени за еден ден, 22 лица починале

СРБИЈА РУШИ РЕКОРДИ: Над 13.000 заболени за еден ден, 22 лица починале

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 13.693 нови случаи на коронавирус, а 22 починале.

Претходно, најголем број заболени во еден ден во оваа држава беше 9.122 и тоа на 6 јануари годинава. Во Србија досега од вирусот се заразиле вкупно 1.373.237 лица, а регистрирани се 12.958 смртни случаи.

Во болниците во моментов се 2.287 пациенти, од кои 86 се на респиратор. Во последните 24 часа тестирани се 37.402 лица, а од март досега вкупно 7.481.934.

Коронавирус