среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 79
home Регион

Србија пред одлука секој полнолетен граѓанин да го помогне со 100 евра

Србија пред одлука секој полнолетен граѓанин да го помогне со 100 евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека не стравува за домашната економија поради коронавирусот.

Тој нагласува дека државата за крајот на годината планира економски раст.

-Размислуваме на секој полнолетен граѓанин на Србија да му дадеме по 100 евра подарок. За тоа се потребни 520 милиони евра, истакна Вучиќ во синоќешното интервју за една српска телевизија.

Според него, Србија е една од земјите во Европа која не размилува за намалување на платите во јавниот сектор.

Српскиот претседател посочи и дека имаат три начини на финансирање во иднина, внатрешни буџетски резерви, задолжување на домашниот пазар со хартии од вредност, како и задолжување на меѓународниот пазар на капитал.

Коронавирус