четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 131
home Регион

Србија не запира: До крајот на месецот ќе добијат уште една вакцина против коронавирус

Србија не запира: До крајот на месецот ќе добијат уште една вакцина против коронавирус

Српката премиерка Ана Брнабиќ најави дека до крајот на месецов во Србија ќе пристигнат меѓу 120.000 и 150.000 вакцини против коронавирус од производителот „Астра Зенека“.

-За вакцината на Астра Зенека вакцинацијата се дава после дванаесет недели. На тој начин ќе имаме доволно време да набавиме уште. Се водиме по тоа да зимаме најдобро и најбезбедно за граѓаните на Србија. Сите светски медиуми се фасцинирани од фактот дека се направивме во предвидените рокови и ревакцинацијата која многу земји ја одложуваа, ние ја направивме после 21 ден според прописите на производителите, вели Брнабиќ.

Таа навела дека Србија е единствена земја која добила толку голем број вакцини, а не учествувала во третата фаза од клиничките испитувања. Брнабиќ рекла и која е улогата на претседателот на земјата, Александар Вуќиќ во набавката на вакцини.

-Таков претседател нема никој. Ние никогаш немаше да ја добиеме кинеската вакцина да не беше Вучиќ. Тој разговараше со Си Џипинг, после тоа го бараше Путин само за да обебеди повеќе вакцини за граѓаните на Србија, изјави Брнабиќ.

ЕУРО 2020

Македонија