петок, 29. јули 2022. Вести денес: 32
home Регион

Србија: Над 750 новозаразени, скокна бројот на починати од коронавирусот

Србија: Над 750 новозаразени, скокна бројот на починати од коронавирусот

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани уште 751 случај на коронавирус, а три лица починале.

Тестирани се вкупно 7.615, а бројот на пациенти на респиратор е седум.

Во Србија вчера се регистрирани 468 заразени со коронавирус, а едно лице починало како последица на заразата.

Сегашната епидемиолошка состојба бара да се донесат барем минимум мерки, како задолжително носење маски во затворени простории, јавниот превоз и особено во здравствените установи, што сега само делумно се почитува, вели во интервју за порталот Н1, Д-р Славица Плавшиќ, специјалист по белодробни заболувања, предупредува дека Србија веќе влезе во седмиот бран на коронавирус.

Член на Советот на Здружението Обединети против Ковид (УПК) очекува дека во следните седум дена бројот на новозаразени во Србија ќе надмине илјада на дневна основа.

Коронавирус