понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Регион

Србија: На работно место ќе може најверојатно и до 70-от роденден

Србија: На работно место ќе може најверојатно и до 70-от роденден

Работниот век во Србија може да се продолжи до 70-годишна возраст за оние кои тоа сакаат, ако се донесе иницијатива за измена на Законот за работни односи, прифатена од страна на еминентни експерти за советување за актуелни прашања од современото законодавство, објави денеска „Политика” .

Вработените всушност може да останат на работа уште пет години по исполнувањето на условите за пензионирање, доколку тоа го посакуваат и ако има потреба работодавецот, беше речено на советување организирано од Сојузот на правници на Србија и на Република Српска.

Предлогот дека работниот однос не мора да престане според законот на 65-годишна возраст, туку дека таа граница може да се помести до 70-тиот роденден ќе биде испратен до надлежните министерства, наведува весникот.