Податоците на Европскиот завод за статистика покажуваат дека повеќе од 4.000 луѓе ја напуштаат Србија секој месец, а 51.000 годишно, претежно млади, што е приближно една цела општина во Србија, се вели во заедничката изјава на четири невладини организации по повод Денот на човековите права – 10 декември.
Во заедничката изјава на тимот на ОН, Канцеларијата на Советот на Европа, Мисијата на ОБСЕ и Делегацијата на Европската унија во Србија се вели дека невработеноста, ризикот од сиромаштија, ситуацијата на маргинализираните младински групи и нивното ментално здравје се некои од главните проблеми со кои се соочуваат младите во Србија.
-На денот на човековите права, оваа година посветуваме посебно внимание на младите луѓе кои се соочуваат со многу предизвици во многу делови на светот, вклучително и во Србија. Невработеноста, ризикот од сиромаштија, позицијата на маргинализираните младински групи и состојбата на нивното ментално здравје се некои од основните проблеми со кои се соочуваат младите во Србија, се вели во соопштението.
Невработеноста кај младите останува голема и нивниот недостиг на пазарот на трудот не напредува и покрај постоење Национална стратегија за млади и мерките предвидени за оваа намена. (МИА)