среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Србија ја одбележува годишнината од промените на 5 октомври

Србија ја одбележува годишнината од промените на 5 октомври

Во Србија денеска се одбележува 18-годишнината од големите демонстрации во Белград на 5 октомври 2000 година, со кои беше ставен крај на децениското владеење на Слободан Милошевиќ.

Дел од јавноста во Србија продолжува да гледа на 5 октомври како на симбол на демократските промени, но и како на пропуштена доверба, неисполнети ветувања и насилство.

Министерот за трговија и туризам Расим Љајиќ, кој беше еден од учесниците во „петоктомвриските настани“, изјави дека овој датум за него претставува позитивен историски настан и пресвртница во демократскиот развој на Србија.

– На 5 октомври, и денес гледам како што гледав на 6 октомври. Сменет е недемократскиот режим, кој ја доведе земјата во изолација и конфликт со светот, изјави Љајиќ.

За разлика од Љаиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е можно да се даде „еднозначна оценка“ за настаните по 5 октомври 2000 година, бидејќи последиците од овие настани беа и добри и лоши.

– Не е се црно или бело, што се однесува до 5 октомври. Тоа се нијанси меѓу црното и белото. Имаше добри работи, бидејќи повеќе не бевме изолирани, како земја се отворивме, изјави Вучиќ, додавајќи дека „сепак имаше и лоши работи, бидејќи најлошите разбојници како плен грабнаа се што вредеше во Србија, а притоа ги напуштија српските државни и национални интереси и ја воведоа земјата во најтешка должничката криза од 2008-2012 година“.

Вучиќ оцени дека денес во сите сфери на општествениот живот во Србија состојбата е „десет пати подобра“ и како пример го наведе податокот дека сега има три пати помалку убиства отколку во 2001 или 2003 година.

Коронавирус