четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Србија ги повика нејзините државјани да се вратат во земјата до крајот на неделата: Ќе следуваат нови мерки за борба против Ковид-19

Србија ги повика нејзините државјани да се вратат во земјата до крајот на неделата: Ќе следуваат нови мерки за борба против Ковид-19

Српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот апелираше до сите државјани на Србија до крајот на оваа недела да се вратат затоа што потоа ќе имаат поинаков режим за сите оние кои ќе влезат во државата.

Државјаните на Србија кои престојуваат во Црна Гора и Хрватска треба да се вратат најдоцна во земјата до петок во 18 часот, затоа што од тогаш ќе стапат на сила нови мерки и активности за лицата кои ќе влезат во земјата.

Од 18 септември ќе биде воведен 10 дневен надзор за сите патници кои ќе влезат во Србија од Црна Гора и од Хрватска, а денеска ќе се одлучува дали ќе биде потребна самоизолација.

Коронавирус