петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Србија ги подготви болниците и касарните за коронавирус

Србија ги подготви болниците и касарните за коронавирус

Доколку се појави новиот коронавирус во Србија, нема да биде крај на светот, бидејќи сме подготвени да реагираме, изјави српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

– Разговарав со министерот за одбрана Александар Вулин – болниците и касарните, како и некои приватни објекти ќе бидат обезбедени за евентуално сместување на заразени од коронавирусот, рече Лончар.

Тој истакна дека важно е граѓаните да не паничат и да знаат дека се што прави државата е во договор со Светската здравствена организација (СЗО).

Лончар вели дека во Србија никој не е позитивин на новиот вирус и дека на клиниката за инфективни болести се испитуваат тројца кои имале врска со Кина.

– Воведовме ново правило – на сите гранични премини – се мери температура со бесконтактни топломери на сите кои влегуваат во Србија. Посебно се посветува внимание на патниците од Кина, но и од Италија, рече Лончар.

На граѓаните им се советува да не патуваат во северна Италија и во загрозените подрачја.

Инаку, директорот на СЗО за Европа, Ханс Тлуге денеска е во посета на Србија.

Во Рим, пак, денеска ќе се одржи состанок на министрите за здравство на Италија, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Швајцарија посветен на сузбивање на новиот коронавирус.

Во Италија повеќе од 220 лица се заразени со новиот коронавирус, додека седум починаа. Тоа е најголем број на случаи надвор од Азија.

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц претходно најави мерки на превенција, меѓу кои и предупредување за граѓаните да не патуваат во соседна Италија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Хрватска е подготвена за сите мерки што треба да ги преземе за да го превенира ширењето на новиот коронавирус, вклучително и координација на активностите со италијанската Влада.

Во меѓувреме премиерот на Словенија, Марјан Шарец изјави дека е подготвен и да ги затвори границите доколку се зголеми ризикот од новиот коронавирус.

Коронавирус